Почетна Вера Охрид и МПЦ одбележаа 1.000 години од упокојувањето на Св. Јован Владимир
Охрид и МПЦ одбележаа 1.000 години од упокојувањето на Св. Јован Владимир

Охрид и МПЦ одбележаа 1.000 години од упокојувањето на Св. Јован Владимир

829
0

Со света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид беше одбележана 1.000-годишнината од упокојувањето на Свети Јован Владимир.

– Свети Јован Владимир е еден од мачениците и светител на Охридската архиепископија и неговиот култ е негуван уште од неговата смрт. Сведоштво за тоа се бројните портрети и фрески со неговиот приказ, од кои дури 24 се наоѓаат токму во цркви и манастири во Охрид и охридско, рече митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј.

2По повод илјадагодишнината од упокојувањето на светоцот, по свечената литургија беше промовиран и зборникот „Свети Јован Владимир – хигиографија, химнографија и иконографија“ на авторот д-р. Сашо Цветковски.

Академик Цветан Грозданов на промоцијата на зборникот рече дека станува збор за прв комплетен приказ на сите насликани портрети на зетот на Цар Самоил, кнезот Јован Владимир.

– За науката ова дело е од големо значење оттаму што на едно место се собрани 76 портрети на Јован Владимир од Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Македонија. Сите тие се дотолку позначајни што се работени во охридската дијацеза, на дебарската уметничка школа, истакна академик Грозданов.

3За Грозданов тоа е потврда дека култот за Светиот Јован Владимир се обработува во охридскиот црковен центар, а самите портрети се потврда на континуитетот на МПЦ од Самоила до денес, како своевидена особеност на идентитетот на македонскиот народ сочуван нив времето преку духовноста.

Иако гробот на Свети Јован Владимир се наоѓа во неговата црква во Елбасан, голем дел од моштите на светецот се наоѓаат во црквите кај Свети Наум, во Света Богородица – Каменско во Охрид, во „Света Богородица Пречиста“ – Кичевско, во манастирот „Свети Јован Бигорски“.

7Инаку, Света архиерејска литургија ќе се служи и утре во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум, каде ќе бидат осветени новоизградените конаци. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит г. Тимотеј и Повардарскиот Митрополит г. Агатангел.

Академик Грозданов рече дека посебноста на тој храм, меѓу другото, произлегува од приказот на Богородица во црквата во улога на млекопитателница, односно мајка која како доилка го храни Христа, што на накој начин означува влегување на народната уметност во чисто богословски сфери.

Владиката Тимотеј за изградбата на конаците кај Заум рече дека се во насока на возобновување на црковниот живот во тоа светилиште, онака како што доликува на светилиште што датира од 14 век.

Црквата „Света Богородица“ кај Заум се наоѓа на самиот источен брег на Охридското Езеро на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Сместена е на мошне тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица наречен Голем Осој. Веднаш над самата црква од исток се издигнуваат стрмни карпи, додека западно од црквата во непосредна близина се наоѓа и местото со најдлабоката точка на езерото. До неодамна до Заум можеше да се стигне единствено по воден пат.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *