1.05K
0
Свештеникот Перо Велковски доби протопрезвитерски чин, а богослов Васил Крстовски стана ѓакон. Лазарова сабота за овие двајца теолози на МПЦ-ОА, ќе биде дел од нивната професионална биографија како празник за напредок во црковната хиерархија.
Чиновите на унапредување ги извршил Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија во црквата Свето Вознесение во населбата Маџари, каде била служена и Златустова литургија за празникот на Лазаровото воскресение.
По отслужената Литургија се одржа духовна академија на која учество зедоа учениците од ОУ „Наум Намоски – Борче“.