Почетна Вести Џамијата „Коџа Мехмет Беј“, национален споменик, оставена на забот на времето

Џамијата „Коџа Мехмет Беј“, национален споменик, оставена на забот на времето

350
0

dzamija tabanovceСтарата Џамија „Коџа Мехмет Беј“, која според ИВЗ датира од 1380 година, а се наоѓа во село Табановце, на само неколку метри од граничниот премин со Србија е оставена на забот на времето, пишува Телевизија 21. Оваа Џамија од 2008 година, е заштитена со Закон како културното наследство и е дел од 38 верски објекти кои се заштитени со закон во Македонија.

Телевизија 21 објавува дека објектот е дополнително загрозен и од земјоделците кои го обработувале земјиштето до самите темели на џамијата.

Од Национален конзерваториски центар, за телевизијата изјавиле дека подготвуваат проект за нејзина реставрација. Џамијата е под надлежност на Исламската верска заедница. Муфтијата од Куманово Абедин Имери вели дека на џамијата треба да и се врати парцелата која и припаѓа.

Раководителот на ова муфтиство, се надева дека ќе се изгради туристички комплекс, како што било во минатото и како што фигурира во геодетските карти на катастарот на Македонија.

Мехмет Селмани, директор на Националниот конзерваториски центар, за ТВ21 изјавил дека во парцелата од 583м2 имало анови, мавзолеи и мелница покрај реката која тече зад џамијата. Но, тој е загрижен за самиот објект, кој е на работ на уништување.

Директорот Селмани вели дека го подготвил нацрт – проектот, за кој е потребен и археолошко истражување, за да се докаже староста на џамијата. Според ИВЗ џамијата е изградена во 1380 година, а историчарите велат дека според исламската архитектура, џамијата е со купола на султаните, карактеристична градба за 16 век.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *