659
0
На социјалните мрежи се појави видео од денешното чествување на „Цветници“ во православен храм во Сирија. Веста која што ја пренесуваа „Сирија Њус“ зборува дека православните верници во црквата „Св. Ап. Петар и Павле“ во градот Скалбија во Сирија за време на литургијата за „Цветници“ биле заробени во црквата, додека надвор се одвивале жестоки борби меѓу бунтовниците и сириските власти.
Литургијата била прекината, бидејќи околината на храмот и црквата ја гранатирале припадници на терористите.
Она што е воодушевувачко во видеото е што сите кои биле во црквата во соззи на глас пееле и му се молеле на Бог да бидат поштедени.
Според информациите што ги пренесуваат медиумите, една жена била убиена.