Вкупно 33 лица, меѓу кои деца и возрасни, беа крстени на 19 март во храмот „Свети Николај“ во пакистанскиот град Фајсалабад.
Светата тајна Крштение ја изврши свештеникот Антониј Скринников, раководител на Мисионерскиот оддел на Ставрополската епархија, кој престојува во Пакистан со благослов на Митрополитот Кирил од Ставропол и Невиномиск и по покана на локалниот свештеник Павле Сушил.
Православието во Пакистан е застапено преку свештениците Павле (од Московската патријаршија) и Јосиф Фарук (од Руската задгранична црква).
По крштенијата, свештеникот Антониј им се обрати на присутните со пастирска поука, а на новокрстените им подари икони и чоколади од Русија.
Парохијата исто така доби литургиски предмети како донација.

