Моментот кога иранскиот новинар соопштува крај на една ера

Date:

Share post:

Симката од драматичниот пренос на иранската државна телевизија на која беше објавена веста за смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, го обиколи светот, а на нејзе водителот на програмата плаче додека ја чита веста за крајот на една ера во Иран.

„Бог е голем. Бог е голем. Со длабока тага ѝ објавуваме на иранската нација дека големиот ајатолах Али Хамнеи, врховниот лидер на Исламската револуција, денес беше убиен во заеднички злосторнички напад на Соединетите Американски Држави и ционистичкиот режим“, изговори водителот пред целосно да се расплаче пред камерите.

Додека водителот се обидуваше да продолжи со читањето на веста, во позадина се слушаше плачот на останатите вработени во студиото.

„Неговиот долгогодишен сон за мачеништво се оствари“, рече водителот.

40 дена жалост

Поради смртта на ајатолахот кој владееше со земјата 37 години, во Иран официјално беа прогласени 40 дена жалост.

Веста за неговата смрт предизвика длабоко поделени реакции во земјата и во светот. Поддржувачите на режимот се собираат на плоштадите со молитви и портрети на починатиот лидер, а за нападот ги обвинуваат надворешните непријатели.

Од друга страна, во делови од земјата и во дијаспората, веста беше пречекана со олеснување, бидејќи многумина го гледаат Хамнеи исклучиво како симбол на репресија, насилство и задушување на човековите права, потсетувајќи на бројните протести што неговиот режим брутално ги задуши за време на долгогодишното владеење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img