Заборавена прослава за најзначајниот духовен храм во Охрид

Date:

Share post:

Македонските власти заборавија да ја одбележат 730-годишнината од изградбата на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, еден од најзначајните средновековни духовни и уметнички споменици, пишува СДК.мк.

Храмот бил изграден и живописан во 1295 година во стариот дел на Охрид, кај Горна Порта, а се смета за зачеток на Ренесансата на овие простори. Црквата „Света Богородица Перивлепта“, позната по својот извонреден фрескоживопис и архитектура, била целосно реставрирана и конзервирана со американски грант од 650.000 долари во периодот од 2009 до 2016 година, со што била спасена од пропаѓање.

Во 2019 година храмот го посетил и тогашниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, во рамки на неговата официјална посета на земјава, пишува СДК.мк.

„Храмот, кој е вистински бисер на византиската уметност и сведоштво за културниот подем на градот во 13 век, заслужува многу поголемо внимание од институциите и јавноста“, вели охридскиот новинар Стојан Савески, коментирајќи дека јубилејот поминал без соодветна институционална афирмација, пренесува порталот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img