Местобљустителот на Грузиската православна црква, митрополитот Шио од Сенаки и Чхороцку, изрази благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за неговото обраќање на погребната церемонија на патријархот Илија II, одржана во соборниот храм „Света Троица“ во Тбилиси.
Обраќајќи се кон Вселенскиот патријарх, митрополитот Шио истакна дека неговите зборови биле исполнети со искрена емоција и длабока духовност. „Познато е дека имате длабока љубов и почит кон католикос-патријархот Илија II и кон неговите големи заслуги. Би сакал да ви се заблагодарам за вашите исклучително топли зборови“, рече тој.
Тој нагласи дека не може да остане незабележана духовната длабочина на обраќањето на Вартоломеј и упати искрена благодарност за изразената почит кон починатиот поглавар на Грузиската православна црква.
Во своето обраќање, митрополитот Шио се осврна и на улогата на Вселенскиот патријарх во признавањето на автокефалноста на Грузиската православна црква, нагласувајќи дека станува збор за црква со древни корени.„Грузискиот народ и Црквата никогаш нема да го заборават вашиот значаен придонес во овој поглед“, истакна тој.
