Патријархот Московски Кирил го избра Бразил за следна дестинација каде ќе служи Иларион Афеев како митрополит на Руската црква. Кирил со одлука му одреди на Алфеев да служи во храмот на светите апостоли Петар и Павле во градот Санта Роза во Бразил. Рускиот патријарх одлуката ја донел, како што се наведува „поради неможноста, од објективни околности, понатаму да служи во Карлови Вари“. Објективните околности се што за Алфеев се води истрага за поседување кокаин во Чешка.

„Со указ на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Рус Кирил од 3 јуни 2026 година, митрополитот Иларион (Алфеев), кој се наоѓа во состојба на мирување, поради неможноста, од објективни околности, понатаму да го извршува решението на Светиот синод, со кое како место на негово служење му беше определен храмот на првоврховните апостоли Петар и Павле во Карлови Вари… е упатен на служење во Аргентинско-Јужноамериканска епархија“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на РПЦ.
„Како место на Вашето служење Ви се определува храмот на светите апостоли Петар и Павле во градот Санта Роза, Бразил, како и храмот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов во градот Кампина дас Мисојнс, Бразил, каде што и треба да престојувате“, го пренесе Руската православна црква указот на патријархот.


Објективните околности се овие: кога сте странец на работа/мисија во некоја земја и кога моќни структури или дури и државните власти од таа земја ќе покренат хајка против вас, знаете дека ќе најдат начин да ве осудат. Тоа им се случило и за жал денес им се случува на многумина луѓе на привремена работа во странство, а им се случува дури и на свештени лица, што е знак за големо непостоење на страв Божји во естаблишментите на современите општества, за манипулации во редовите на администрацијата и на државните институции во нив итн. Злоупотребите од ваков вид се чести особено во земјите на ЕУ, кон која очајно стреми современа Македонија, и се насочени кон странци со пасоши од трети земји; многупати доволен е еден пакосен староседелец за да ви го загрози престојот во повеќето или во сите земји членки на ЕУ со еден удар. Нема публицитет за оваа практика, сосекуван е со арогантната самопромоција на самата Европска Унија и од аспирациите на земјите-кандидати за членство во ветениот рајски блок, но на терен ситуацијата знае да биде мизерна. Само ќе дојде ден кога самата ЕУ ќе моли за руска православна мисија на нејзините територии, и тој ден не е толку далеку. Дотогаш кучињата ќе лаат караванот ќе си врви.