Чешката полиција соопшти дека белата прашкаста материја, пронајдена во автомобилот на рускиот митрополит Иларион е како кокаин. Веста ја објавија чешки медиуми, а ја пренесе и РИА Новости.
Чешката полиција продолжува со истрагата на овој случај и досега никому не му подигнала никакво обвинение.
Митрополитот Иларион на 24 мај беше приведен од чешката полиција заедно со видеоснимателот што го придружувал и беше сместен во притвор поради сомнение за поседување наркотични средства, кои наводно биле пронајдени во неговиот автомобил. На 26 мај тој беше пуштен на слобода без подигнување обвинение и без дополнителни услови. Следниот ден митрополитот за руската новинска агенција РИА Новости изјави дека ја напуштил Чешка. Ноќта меѓу 29 и 30 мај митрополитот Иларион се вратил во Русија.

