Кардиналите договараат реформи за Ватиканскиот дворец

Date:

Share post:

kardinalski sovetКардиналскиот совет за реформи три дена ќе ги крои новите рамки за реформите на „Ватиканскиот дворец“. Советот почна со работа во понеделникот на 11 Април, а ќе трае до утре.

Папата Франциск на советот присуствувал денеска и на првиот ден.

Кои заклучоци и во која насока би биле идните реформи што „Ватиканскиот дворец“ треба да ги спроведе, ќе биде појасно веќе утре, кога Кардиналскиот совет ќе објави официјално соопштение.

На последната седница од февруари, Кардиналскиот совет за реформи на „Ватиканскиот дворец“ разговараше за прашања поврзани со Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни, Државниот секретаријат, како и за синодалноста на Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img