
Мигрант од Пакистан што управувал со црната „сканија“ уби 12 луѓе, а 48 беа повредени откако влетал во божиќен панаѓур во центарот на Берлин.
Терористичкиот напад во Германија го шокираше светот откако во понеделникот вечерта, во 20 часот 14 минути, црн камион Сканија влета пред црквата Кајзер Вилхелм и газеше се пред себе. Според германските медиуми камионот го управувал мигрант од Пакистан, а совозач му бил Пољак.
Веста и вознемирувачките фотографии и снимки од луѓе кои лежат во локви крв, разрушени тезги, лго обиколуваше светот во текот на мрачната ноќ во срцето на Европа.
Германската полиција го уапси возачот, кој од Пакистан во Германија дошол во февруари и барал азил.
Тој по трагедијата побегнал и пеш тргнал кон блискиот парк Тиергартен, но едно лице го следело речиси 2 километри, кое пријавило во полиција. Тие го уапсиле близу Споменикот на победата.
Странските медиуми пишуваат дека тој ѝ бил познат на полицијата за ситен криминал, но не и за врски со тероризам.
Азилантот не бил сам во камионот, него го придружувал еден Полјак кој бил пронајден мртов во „сакнијата“. Се стравува дека тој бил првичниот возач на камионот и дека бил киднапиран.
Ариел Зуравски, сопственикот на камионот, потврди дека возачот бил негов братучед и дека исчезнал по 16 часот.
Германските политичари неколку часа избегнуваа нападот да го сметаат за терористички чин, но министерот за внатрешни работи Томас де Мезие изјави дека има многу нешта што укажуваат дека станува збор за тероризам.