Почетна Вести СВЕДОЦИ: Камионот намерно возеше низ луѓе, сите врескаа
СВЕДОЦИ: Камионот намерно возеше низ луѓе, сите врескаа

СВЕДОЦИ: Камионот намерно возеше низ луѓе, сите врескаа

135
0

Ема Руштон, жена, која присустувала на божикниот базар во Берлин во моментот кога меѓу насобраните влетал камион тврди дека сигурно не се работи за несреќа, пренесува „Скај њуз“.

2– Не беше несреќа. Возеше со 60 километри на час и тоа право на базарот. Не е можно случајно да се свртел од улицата бидејќи не покажуваше никакви знаци на намалување на брзината – објаснува таа.

– Седевме и пиевме и потоа се слушна гласно пукање, видовме како дел од сијаличките се влечат надолу, а потоа видовме како камионот вози низ луѓето и едноставно ги повлекува надолу. Многу луѓе врескаа – раскажува жената.

Друг сведок Мајк Фокс вели дека камионот влетал во базарот и дека го промашил само за три метри.

– Дефинитивно беше намерно – вели Фокс.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *