
Како правилно се крсти и што означува крсниот знак?
Најпрво, се составува палецот, показалецот и средниот прст од десната рака, а преостанатите два прста се свиткуваат надолу.
Така составени, трите прсти се ставаат на челото, велејќи: во името на Отецот , потоа под градите, изговарајќи ги зборовите: и Синот, на десното рамо, а потоа на левото, велејќи: и Светиот Дух. Амин.
Трите соединети прсти ја означуваат вера во Пресвета Троица, во Отецот и Синот и Светиот Дух, а двата свиткани прста ја симболизираат верата во двојната природа на Синот Божји, Господ Исус Христос, односно дека Он е и Бог и Човек.
Крстниот знак се става на челото за просветлување на умот и осветување на мислите, на градите – за да се освети срцето и да се облагородат чуствата, а на рамењата за да се зацврстат телесните сили и да бидат благословени делата на н рацете.
Движењата што се прават со десната рака треба да се одмерени, односно да се прават смирено, а не набрзина и без правилно крстење.
/mpcaus.org