Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт во посета на факултетот „Свети Климент Охридски“
Делегација од Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт во Романија, во средата, на 26 април 2017 година била во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Делегацијата од Романија ја предводел протојереј-ставрофор Стефан Букиу, декан на Богословскиот факултет, придружуван од протојереј-ставрофор Константин Преда – продекан, протојереј Никушор Белдиман – директор на оддел и проф. д-р Димитру Сорика, професор по сакрална уметност.
Гостите имале средба со деканот, професорите и студентите од Богословскиот факултет.
Делегацијата на Богословскиот факултет од Букурешт имала средба и со Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, а за време на својот престој во Македонија посетила и повеќе цркви и манастири на МПЦ-ОА.