Кајмакоски една недела престојувал во манастир: Во Бигорски ја почувствував целата љубов на Бога и моќта на неговото Воскресение

Date:

Share post:

Бигорски манастир и годинава привлече илјадници граѓани за да го дочекаат најзначајниот настан за еден христијанин, Христовото Воскресение. Секоја година, сѐ поголем број на луѓе од целата држава, но и од голем број на европски земји, доаѓаат специјално за Велигден, пишува во анализата емагазин.мк.

Меѓу гостите секогаш има познати и јавни личности кои доаѓаат за Воскресението Христово. Меѓу ни е и пејачот Даниел Кајмакоски, на кого оваа година во Бигорски манастир му била посебно убава, бидејќи го отворил срцето кон Бога. Тој целата Страсна Седмица ја поминал во Бигорски, земајќи молитвено учество во сите богослужби.

„Навистина ја почувствував целата негова љубов и целата моќ на неговото Воскресение. Литургијата, службите, читањето на Евангелието беа едно такво задоволство за мене оваа година, затоа што Бог ми подари и концентрација и љубов Сам ми дозволи, не само да го разберам целото Евангелие, туку и да го одам тој пат, заедно со Исус, заедно со апостолите, заедно со секое Евангелие, и едвај се чекаше да дојде следното. Сакав да знам, што ќе кажат во следното Евангелие, навистина една таква концентрација. Ние сите знаеме дека нашите Литургии траат долго и знае да биде напорно, но навистина кога човек ќе го отвори срцето, Господ дава сила и трпение за сето тоа, и е лесно да се издржи. Овој пат, пак ќе кажам, секое Евангелие беше една посебна приказна која те зема на тоа Исусово патување и сите негови маки и сите негови моменти до самиот негов крај, и потоа нормално неговото Воскресение кое ние како верници го доживуваме како една преголема количина на љубов која ја споделуваме сите меѓу нас. Нормално е кога ќе добиете една таква количина на љубов, вие тоа не можете да го сокриете. Тоа се гледа во насмевката, тоа се гледа во солзата, тоа се гледа не само во сопствените насмевки и солзи туку и во солзите на Старецот, владиката г. Партениј и на радоста на монасите. Е тоа е причината зошто јас, посебно за вакви празници сакам да бидам во Бигорски,“ вели Кајмакоски за еМагазин.мк, каде може да го прчитате целиот текст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img