Почетна Вести Иванова: Да се биде верник, не значи да се биде конзервативен
Иванова: Да се биде верник, не значи да се биде конзервативен

Иванова: Да се биде верник, не значи да се биде конзервативен

1.95K
0

„Да се биде верник, не значи да се биде конзервативен”. Сопругата на Претседателот, Маја Иванова смета дека и модерниот човек во денешницата може да биде верник. Констатацијата на оние дека верниците се конзервативни и примитивни, според Иванова се предрасуди.

-Тоа се предрасуди кои според мене не се издржани, и кои веројатно наоѓаат поддршка кај луѓе кои не умеат да ги препознаат и да ги ценат вистинските вредности. Овие предрасуди мора да ги надминеме, вели во интервју за Прес24, Маја Иванова, сопруга на Претседателот на државата.

Таа оценува дека на Македонија и е потребна афирмација на верските и моралините вредности и тоа пред се во самите семејства, бидејќи во денешницата, кога очигледно материјалното надвладува над духовното, навистина е тешко да се препознаат вистинските христијански вредности.

-Семејството според мене е основната нишка што треба да одигра клучна улога во враќањето на традиционалните вредности, вели Иванова во интервјуто.

Нејзиното семејство е едно од оние кои кои негува традиционални вредносни и покрај политичкиот ангажман на нејзиното сопруг. Иванова смета дека семесјтва со изградени вредности се столб на една држава.

-Преку безусловно меѓусебно почитување, доверба и толеранција, можеме да ги оствариме тие вредности и да придонесеме кон позитивна промена на нашите општества. Мојот сопруг во една прилика кажа, какви ни се семејствата, таква ни е и државата, вели Иванова за Прес24.

-Се почесто сме сведоци на една извитоперена перцепција на етичките норми, односно вулгаризирање на моралот на сметка на личниот интерес. Неспорно е дека религијата може да одигра огромна позитивна улога во оваа смисла, и тоа токму преку семејство и преку образованието. Успехот на една нација, зависи од духот, свеста и совеста со кои ќе бидат опремени нашите идни генерации, вели Иванова во интервјуто.

Иванови имаат и своја семејна слава, а сопругата Маја е онаа која ја приготвува трпезата.

– Тогаш во нашиот дом се собира најтесниот круг на семејството. Тоа е една интимна и пријатна атмосфера, убав повод кој го зближува семејството.Традиционално, на Петровден, како што е редот и обичајот, јас го приготвувам славскиот колач, кој рано наутро го носиме во црква на спевање, заедно со сите оние дополнителни обичаи, црвеното вино и пченицата, вели Маја Иванова, сопругата на Претседателот во интервјуото за Прес24.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *