Почетна Вести Ифтар за стотина деца без родители
Ифтар за стотина деца без родители

Ифтар за стотина деца без родители

106
0

Здружението Дениз Фенери од Турција и Здружението за култура и солидарност ЕНСАР – Скопје, со поддршка на Фондацијата за ширење на науката, во Македонија организираа ифтар за повеќе од стотина деца без родители, јавува Anadolu Agency (AA).

iftar decaНа вечерашниот ифтар во Скопје, учестуваа вториот секретар на амбасадата на Република Турција во Скопје, Јусуф Зија Кенар, координаторот на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), Теоман Тирјаки, директорот на културниот Институт „Јунус Емре” во Скопје, Мехмет Самсакчи, претставници на невладини организации и околу стотина деца без родители и нивни семејства.

Претседателот на Здружението за култура и солидарност „ЕНСАР“ – Скопје, Сулејман Баки, во својот говорот истакна дека Исламската организација за соработка во 2013 година донела одлука 15-тиот ден од месецот на постот Рамазан го прогласиле за Светски ден на децата без родители и од минатата година во Скопје и Куманово се организира ифтар за децата без родители и нивните семејства.

„Наша цел е да ја издигнеме свеста на децата без родители, што е во рамките на одлукаа што ја донесе Исламската организација за соработка“, истакна претседателот на ЕНСАР Баки, истакнувајќи дека месецот Рамазан е месец кога е потребно да им се даде внимание на децата без родители, месец кога се грижиме за сиромашните и нивните основни потреби.

Во име на Здружението Дениз фенери и Фондацијата за ширење на науката од Турција се обрати Ахмет Селим Учак кој истакна дека за првпат дошол на Балканот и како еден странец стапнал на балканското тло, но благодарение на гостопримството на домаќините и историските споменици наоколу, воопшто не се почуствувал како странец.

„Децата без родители ни се доверени од нашиот Пророк и грижата за нив е наша должност. За извршување на оваа наша задача вечерва сме тука на заедничка ифтарска софра со нив“, изјави Учак, изразувајќи желба за вложување на поголеми напори со што би се зголемил број на вакви средби и тие би добиле пошироки рамки.

По ифтарот и поздравните говори, на децата без родители им беа поделени подароци.

/АНАДОЛИЈА Агенција

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *