Почетна Вера Гаврил Светогорц ќе го добие првиот храм во Брегалничката епархија
Гаврил Светогорц ќе го добие првиот храм во Брегалничката епархија

Гаврил Светогорц ќе го добие првиот храм во Брегалничката епархија

722
0

Епископот Велички – Гаврил Светогорц од Лесново, кој во јануари следната година ќе биде прогласен за Светител ќе го добие и првиот храм посветен на него во Брегалничката епархија. Храм кој го носи неговото име веќе има во Струмичката епархија.

Брегалничката епархија вчера го постави камен-темелникот на местото каде некогаш била неговата куќа и каде стоеле скулптури изработени од него.

-На овој начин Штип покажува посебна почит и му се оддолжува и на Бога и на светителот. Канонизацјата ќе биде на 50-годишнината од возобновувањето на МПЦ, а ќе се спроведе во Штип“, вели Брегалничкиот митрополитот г. Иларион.

Моштите на епископот, ќе бидат носени низ сите градови за на крај да бидат положени во Штип, на местото каде го почнал својот световен живот:

-Црковните храмови се потреба на граѓаните, а верувам дека овде покрај моштите на епископот многумина ќе најдат свој мир“, вели  Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Епископот Велички Гаврил е роден во 1926 година  во Штип. Почина на 12 јануари 1990 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *