Почетна На иста страна Христијанските верски лидери со заеднички апел за климатските промени: „Слушнете го плачот на Земјата“
Христијанските верски лидери со заеднички апел за климатските промени: „Слушнете го плачот на Земјата“

Христијанските верски лидери со заеднички апел за климатските промени: „Слушнете го плачот на Земјата“

106
0

Во очи претстојната Конференција на Обединетите нации за климатски промени, тројцата големи христијански лидери упатија заеднички апел до верниците „да го слушаат плачот на Земјата“ и да преземат итни мерки за заштита на животната средина.

Во апелот насловен „Заедничка порака за заштита на животот“, папата Франциско, архиепископот од Кантербери Џастин Велби и православниот вселенски патријарх Вартоломеј ги повикаа христијаните да се помолат за светските лидери да донесат претпазливи и храбри одлуки на Конференцијата на ОН за климатските промени во Глазгов во ноември.

„Ги повикуваме сите луѓе, без оглед на нивните верувања и погледи на светот, да го слушаат плачот на Земјата и плачот на сиромашните, да го преиспитаат нивното однесување и да ги направат потребните жртви за да ја спасат Земјата што ни ја дал Бог“, се вели во нивната порака.

Папата Франциско ја предводи Римокатоличката црква, која има 1,3 милијарди членови, Патријархот Вартоломеј е духовен водач на православните христијани, од кои има околу 220 милиони низ целиот свет, а Велби е постар епископ на светската англиканска заедница, која има околу 85 милиони членови.

Сите тројца активно се залагаат за заштита на животната средина и се согласуваат дека климатските промени и глобалното затоплување се барем делумно предизвикани од човечка активност, вклучително и прекумерната употреба на фосилни горива.

„Губењето на биодиверзитетот, деградацијата на животната средина и климатските промени се неизбежни последици од нашите постапки, нашата алчност за прекумерно искористување на ресурсите на Земјата, оваа планета повеќе не може да го издржи“, велат црковните водачи.

Тие, исто така, ги споменуваат неодамнешните екстремни временски настани, природни катастрофи, поплави, пожари, суши и зголемување на нивото на морињата, кои покажуваат дека „климатските промени не се предизвик со кој ќе се соочиме во иднина, туку непосредна криза која веќе го загрозува опстанокот на животот “.

Ова лето беше најтоплото во Европа, иако има мала разлика во споредба со претходните две измерени температури во периодот од јуни до август, објавија европските научници.

Зелените ги повикаа ОН да ја одложат конференцијата ЦОП26 поради, како што рекоа од Мрежата за климатска акција (ЦАН), кризата предизвикана од Ковид-19, која погодила многу земји, особено сиромашните, кои се уште се борат за пристап до вакцината.

На ваквите настани обично присуствуваат делегати од повеќе од 190 земји.

Папата Франциско ќе присуствува и на конференцијата на ОН, доколку дозволи неговата здравствена состојба, со оглед на тоа што во јули имаше операција на дебелото црево, соопштиле неговите служби.

Учеството го потврдил и архиепископот Велби, објави неговата портпаролка. Канцеларијата на патријархот Вартоломеј се уште не го коментирала неговото доаѓање.

Ватикан ќе биде домаќин на голем собир на светските верски водачи и научници на 4 октомври за да ја истакне важноста на претстојната климатска конференција во Глазгов.

Собирот наречен Вера и наука: Во пресрет на COP26, организиран од Велика Британија и Италија, ќе собере околу 40 високи претставници на најголемите светски религии и десетина научници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *