Грузискиот Синод на средби со Бугарската и со Албанската црква

Date:

Share post:

По упокојувањето на грузискиот патријарх Илија II, црковни делегации од Бугарија и Албанија остварија одделни средби со раководството на Православната црква на Грузија, потврдувајќи ги духовното единство и вековните братски врски во православниот свет.

На 23 март, пред заминувањето за Бугарија, Бугарскиот патријарх Даниил, заедно со делегацијата што ја предводеше, се сретна со местобљустителот на патријаршиски престол, митрополитот Сенакски и Чхороцкујски Шио, како и со членови на Светиот Синод на Грузиската православна црква.

Патријархот Даниил изразил длабоко сочувство – во свое име и во име на Светиот Синод на Православната црква на Бугарија– нагласувајќи го исклучителното значење на блаженоупокоениот патријарх Илија II за целиот православен свет.

-Во разговорите беше подвлечено и духовното братство меѓу бугарскиот и грузискиот народ, а бугарскиот патријарх се заблагодари за срдечниот прием и молитвено посака избор на достоен наследник, стои во соопштението од Грузиската ПЦ.

Во одделна средба и Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Јован, придружуван од протопрезвитер о. Спиридон Топанцас, се сретнал со митрополитот Шио и архиереите на Грузиската црква во Патријаршиската резиденција.

-Архиепископот Јован изрази искрено сочувство до Светиот Синод и благочестивиот народ на Грузија, додека митрополитот Шио топло се заблагодари за братската поддршка и љубовта кон Грузиската црква. Во текот на разговорите беше направено и посебно спомнување на блаженоупокоениот архиепископ Анастасиј, како истакната црковна личност и голем обновител, стои во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img