Архиепископот на Америка се сретна со градоначалникот на Њујорк, Мамдани

Date:

Share post:

Архиепископот на Америка Елпидофор, од Вселенската патријаршија, бил домажин на градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, во рамки на неговата прва официјална посета по преземањето на должноста.

Американските медиуми пишуваат дека средбата, се одвивака во атмосфера на топлина и заемна почит и била можност за суштински воведен разговор со фокус на заедничките вредности, јавната служба и благосостојбата на мултикултурните заедници во Њујорк.

За време на средбата, Архиепископот му честитал на градоначалникот Мамдани за неговата изборна победа, нарекувајќи ја „знак на надеж за многу њујорчани“ и „обнова на довербата во управувањето и демократијата“. Елпидофор го пофалил градоначалникот за тоа што допрел до срцата на оние кои се чувствуваат напуштени и маргинализирани, и што им дал надеж.

-И во тоа сме заедно, господине градоначалниче, затоа што тоа е она што го прави Црквата – им дава надеж на луѓето, ги прегрнува без предрасуди, без услови, ги сака сите. Затоа сум сигурен дека ќе соработуваме многу добро во иднина. Радосен сум што бевте избран, изјавил Архиепископот Елпидофор.

-Вашите љубезни зборови ми даваат вистинско чувство дека сум добредојден тука и ќе ви кажам дека беше чест, пред да станам градоначалник, да ја претставувам Асторија во Лонг Ајленд Сити. Да бидам тука со вас е навистина привилегија, затоа што знам колку сте важни за толку многу њујорчани, особено во Асторија. Она што ме инспирира во Црквата е пораката за охрабрување на оние кои толку често се занемарени – било да станува збор за вдовица, сирак или странец. Голем дел од нашата одговорност во градот е токму тоа. Навистина со нетрпение ја очекувам работата што можеме да ја направиме заедно за овие њујорчани, одговори градоначалникот Мамдани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img