Рускиот патријарх Кирил испратил честитка до севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун во која му го честита реизборот за Претседател на Северна Кореја.
Дека не стенаува збор за фејк њуз, укажува фактот што ваа вест е објавена на официјалнат страница на Руската црква. Служба за комуникации на Одделот за надворешни работи на РПЦ, ја објавила честитката испаратена на 23.03.2026.
-Срдечно Ви честитам за реизборот на високата и одговорна функција Претседател на државните работи на Корејската Народно-Демократска Република. Изразувањето на волјата на пратениците на Врховното народно собрание сведочи за широка поддршка на курсот што го спроведувате за зајакнување на суверенитетот на КНДР и нејзиниот просперитет. Радува тоа што Вие посветувате внимание на развојот на пријателската соработка меѓу нашите земји. Нејзин видлив симбол е Троицкиот храм во Пјонгјанг, кој влегува во состав на Корејската епархија на Руската православна црква и во текот на многу години служи како место на обединување на православните верници. Ви посакувам крепко здравје, благосостојба и успеси во трудовите во полза на сограѓаните, напишал Рускиот патријарх Кирил во честитката до Џонг Ун.

