
253
0
Грузиската православна црква, остро се спротистави на последното интервју на рускиот митрополит Иларион Алфеев, шеф на црковната дипломатија на РПЦ, во кое тој и нудеше договор на Грузија со намера да оваа црква да не ја признае автокефалноста во Украина.
Во официјалното соопштение од Грузиската Патријаршија стои дека грузиските епископи во зборовите на митрополитот Иларион препознаваат закани кои се недозволиви. Исто така епископите на Грузиската Патријаршија велат дека на кое место Руската Црква ќе ја споменува Грузиската, нема никаква врска со украинскиот црковен проблем.
По реакцијата на Грузиската црква, митрополитот Иларион изјави дека не бил добро разбран.