Почетна Вести Христијанство Големо поклоничко патување во Кападокија и Истанбул
Големо поклоничко патување во Кападокија и Истанбул

Големо поклоничко патување во Кападокија и Истанбул

531
0

Уште неколку слободни места има за големото поклоничко патување, кое со благослов на Архиепископот охридски и македонски г. г. СТЕФАН, е организирано за Истанбул и Кападокија во септември оваа година.

Во четиридневното патување предвидени се посети на дел од христијанските светилишта на познатиот град на Босфор, стариот Константинопол (Цариград), денешен Истанбул. Посета на манастирот Балаклија, и црквата „Света Софија“ (Аја Софија), ремек дело на византиската архитектура, подигната од царот Јустинијан I (во 537 г.) која по отоманското освојување на Константинопол во 1435 г., е претворена во џамија, а по наредба на Кемал Ататурк, во 1935 г. целиот комплекс е претворен во музеј, во кој може да се видат дел од оригиналните христијански мозаици, во склоп на исламските орнаменти подоцна додадени во објектот.

Учесниците во поклоничкото патување ќе можат да го посетата и Фанар, седиштето на Вселенската (Цариградска) Патријаршија, патријаршиска црква на свети Георгиј Победоносец, Богородичната црквата во Влахерна, Црквата на Христос Спасителот или кратко Хора, некогаш угледен Цариградски манастир.

Во Кападокија пак предвидени се посети низ северниот дел на Кападокија, област каде се наоѓаат најспектакуларните рељефни форми во светот, формирани по силните ерупции на вулканот Ерџијас. Програмата предвидува интересни посети во овој дел на Турција.

Цената на аранжманот е 36.600 МКД (590 ЕУР) и таа вклучува, Авионски превоз со вклучени аеродромски такси и вклучен багаж, ноќевање, организиран ручек првиот и вториот ден во Истанбул, влезници за локалитетите согласно програмата во Истанбул и Кападокија. Рокот за пријавување е 15 април.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *