Властите на канадската покраина Квебек поднесоа предлог закон со кој им се забранува на вработените во јавни институции да носат или покажуваат верски обележја.
Овој долго очекуван закон ги опфаќа судиите, обвинителите, полицајците, наставниците и уште некои високопозиционирани професии. Новиот закон им забранува на службениците да носат симболи како марами или други предмети кои ја покриваат главата, како турбани и хиџаби.
Владата се надева дека законот ќе биде усвоен до летото.
Владејачката коалиција на десниот центар Авенир Квебек беше избрана минатата есен врз основа на ветувањето дека ќе ја намали емиграцијата и ќе усвои секуларна повелба, пишува Би-би-си.
Владата најави и разгледување на отстранување на Исис на крст од парламентот, ако биде усвоен предлог законот.
Групата за промовирање на правата на Евреите Бинаи Брит смета дека станува збор за „напад врз основните човекови права и слободата на жителите на Квебек“, додека Националниот совет на канадските муслимани истакна дека мерката на владата претставува „дискриминирачки закон“.
/MKD.MK
