
72
0
Главниот муфтија на муслиманите во Бугарија, Мустафа Алиш Хаџи е категоричен дека политичката пропаганда во џамиите во Бугарија е забранета и дека муслиманските духовници треба да се образуваат и подготвуваат во Бугарија, а не во странство.
Главниот муфтија ова го изјавил во рамки на јавната дебата, која во Бугарија почна по иницијативата за измени на законските прописи со кои се предвидува забрана за политичка агитација на верските заедници.
-Ние сме религиозна организација и нема да дозволиме да ни се повторат случаите од минатото и затоа ги имаме предупредено сите имами. Ако дозволат пропаганда, ќе постапуваме согласно нашиот устав и ќе има санкции, изјавил главниот бугарски муфтија.