
„ИСИС доаѓa“ е графитот кој испишан на ѕидот на црквата „Свети Никола“ во Приштина, што предизивика сериозна вознемиреност, пред се кај српската заедница, но и кај албанското население во Косово. Графитот први го забележале војниците на италијански КФОР кои два пати неделно патролираат околу самиот објект, јавуваат косовските медиуми.
-Најлошо во сето тоа, е што има повик на терористичката организација против која во моментот се бори цел свет. Можеби сето ова се совпаѓа и со денешниот ден и случувањата од пред 12 години, кога оваа црква, како и многу манастири беа запалени и уништени, изјавил локалниот свештеник на СПЦ.
Графитот на ѕидот на црквата бил напишан неколку дена пред дванаесет годишнината од мартовскиот прогон на Србите од Косово, кога беше запалена и оваа црква.