Почетна Коментар Ѓуровски: На ПОА и истече рокот на траење, МПЦ-ОА е вечност
Ѓуровски: На ПОА и истече рокот на траење, МПЦ-ОА е вечност

Ѓуровски: На ПОА и истече рокот на траење, МПЦ-ОА е вечност

983
2

Браќа од Православната Охридска Архиепископија на владиката Јован Вранишковски џабе не рекле смирение спасение, кроце со Вашите писанија и прогласување на победи!

Вие допрва ќе славите зошто спокојот ќе мора кај МПЦ ОА да си го побарате и тоа во стадото кое го напуштивте

Знаеме дека е тешко, кога ќе треба утре да му целивате света десница на Негово блаженство г.г. Стефан и треба да побарате прошка за Вашето предавство кое го направивте

Вие се враќате под закрилата на нашата МПЦ Охридска Архиепископија, се друго е груба пропаганда и лажни вести

Ние како народ и Црква ќе славиме, може не утре, но тоа сакале Вие или не наскоро ќе се случи зошто Ние си седиме на нашето огниште и сме верни на нашата Црква со или без признавање кое ќе дојде од Вселенскиот патријарх за Ваша жал

На митрополитите на ПОА пред да дојдат во Скопје им го препорачувам да го погледнат филмот “Леси се враќа дома”

Незнам зошто владиката Јован се одлучи да замине во пензија, но искрено му посакуваме добро здравје. Во сеќавање ќе ми останат деновите на долги разговори додека беше Митрополит во Штип и времето кога директно по налог на тогашниот премиер интервенирав кај директорот на Затворот Идризово да не биде избричен и се зачува достоинството на секое свештено лице вклучително и него На крајот ја имам дилемата зошто ПОА од црковен Белград и Москва ја пуштија низ вода?

На ПОА и исечете рокот на траење?

МПЦ ОА е вечност!

Пишува: Марјан Ѓуровски (фејсбук статус)

Коментар(2)

  1. Непотребна зла крв. Кога веќе влегуваме во евхаристиска заедница со целата екумена вакви статуси не се потребни. Со ова не се лечи раната… Истото важи и за членовите на ПОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *