Меѓу сите погодни можности за ПР, случајот со санкциите против патријархот Кирил е најефектен и во исто време најевтин. Што очекувате? Владата на Румен Радев да блокира некоја навистина важна европска одлука поврзана со можностите на Русија да ја одржува војната? Бугарската влада никогаш не би си дозволила таква авантура со оглед на неизбежните последици. За сметка на тоа, една „симболична војна“ против европските санкции засега изгледа политички безбедна. Но владата, изгледа, сака и дополнително да се осигури и ја префрла одговорноста за својата одлука врз Бугарската православна црква и конкретно врз патријархот Даниил, вели бугарскиот архимандрит Никанор во интервју за Дојче Веле.
Тој потенцира дека постапката на бугарските политичари е двојно подмолна, затоа што дури и од чисто човечки етички причини патријархот Даниил не би можел да се изјасни во полза на санкции против својот собрат.
-Сепак, на нашата планета живеат само девет православни патријарси и тој е еден од нив. Кирил Московски – исто така, вели Никанор.
На прашањето дали „Поддршката на војната во Украина е политички или верски гест и во таа смисла, дали санкциите врз рускиот патријарх паѓаат и врз верниците во Русија, како што смета Румен Радев, или се обид да им се отворат очите, тој одговара дека поддршката на руската агресија против Украина има и политички, но и верски аспект, затоа што во случајов се работи за избор меѓу евангелското добро и зло.
-Самиот тој избор и го предодредува, но и е резултат на духовно-моралната состојба на човекот. Не знам дали сте забележале, но духовните водачи на двете најбројни христијански конфесии – папите во Рим и патријархот во Константинопол, просветлени од благодатта на Светиот Дух, јасно и недвосмислено ја определија војната како грев и акт на богоборство. А патријархот Кирил го предаде Христос и се откажа од Евангелието. Нека Бог му биде судија. Но да се зборува дека персоналните санкции што би му биле воведени паѓаат и врз неговото паство е несериозно и се граничи со исмевање на здравиот разум. Колку што бугарските црковни бабички имаат нешто заедничко со владичките ролекси и скапите лимузини, толку и руските бабушки имаат некаква корист од милијардите на „цигарениот митрополит“, како што точно и соодветно во 2018 година Валери Симеонов го нарече патријархот Кирил, вели Никанор.
Целото интервју ОВДЕ


Кого досега преумија санкциите на западњаците (ни Рамиз Мерко не можеа), па да успеат Московскиот Патријарх? Не, тие не стрелаат така високо, само се расположени да замајуваат маси, иако ни тоа не им оди. И се разбира, има финансиски исплатливи санкции. И санкции кои се подготвителна фаза на врбувањето инсајдери.