Почетна Вести Европа Геј парадите се виновни за војната во Украина, вели рускиот патријарх Кирил
Геј парадите се виновни за војната во Украина, вели рускиот патријарх Кирил

Геј парадите се виновни за војната во Украина, вели рускиот патријарх Кирил

319
0

Патријархот на Руската православна црква, Кирил, ги обвини либералните западни вредности, првенствено геј парадите, за руската инвазија на Украина.

Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари, оправдувајќи ја со денацификација и демилитаризација на земјата.

За време на својата вчерашна богослужба, Кирил кажал дека војната е за тоа на која страна ќе биде човештвото во поделбата помеѓу поддржувачите на геј парадите, што западните влади ги дозволуваат и нивните противници во проруската источна Украина.

„Парадите на гордоста се направени да демонстрираат дека гревот е една варијација на човечкото однесување. Токму затоа, за да се придружите на клубот на тие држави, мора да имате геј парада“, кажал Кирил.

Според него, геј парадите се тест на лојалност кон западните влади, што отцепените републики во Украина упорно го одбивале.

„Осум години имаше обиди да се уништи она што постои во Донбас. Таму децидно се одбиваат вредностите што денес ги нудат оние кои тврда

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *