Почетна Вести Христијанство Емисар на Руската црква бил во Скопје – средбите се чуваат во строга тајност
Емисар на Руската црква бил во Скопје – средбите се чуваат во строга тајност

Емисар на Руската црква бил во Скопје – средбите се чуваат во строга тајност

1.02K
0

Заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија Игор Јакимчук бил во посета на МПЦ-ОА, дознава Религија.мк. Посетата била во октомври минатата година, но информацијата не е никаде објавена. Со кој и каде се сретнал заменикот на шефот на руската црковна дипломатија, засега останува непознато.

Сепак неговата посета се случила во исклучително важен период и концидира непосредно по одлуката на македонското МНР да му забрани влез во Македонија на Васијан Змеев од Подворјето на РПЦ во Софија, а веднаш потоа и бугарската држава да го протера од Бугарија.

Случајот Змеев беше во септември, а посетата на Јакимчук на МПЦ-ОА била во октомври. Нашите извори велат дека во тонтекст треба да се чита и фактот што ниту Руската црква не извести за оваа средба, иако педантно ги евидентира сите нејзини дипломатски-црковни активности. Но очигледен е и фактот дека и покрај случајот Змеев и предупредувачките информации од државниот врв за руското влијание во Македонија преку црковни кругови, контактите продолжуваат.

Јакимчук во Македонија беше и за Божиќ минатата година, кога дојде со руската црковна делегација предводена од Митрополитот Антониј, претседател на ОВЦС. Тогаш РПЦ соопшти дека посетата е со цел да му го честитаат именденот и Рождеството Христово на Архиепископот г. г. Стефан, но сепак развојот на настаните во МПЦ-ОА покажа дека оваа посета беше клучна за руското влијание врз МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *