Почетна Вести Ислам Двајца кандидати за нов Реис на ИВЗ
Двајца кандидати за нов Реис на ИВЗ

Двајца кандидати за нов Реис на ИВЗ

213
0

Исламската верска заедница ќе избира нов поглавар помеѓу двајца кандидати, кои до денеска додека траеше јавниот конкурс поднеле кандидатури.

Едниот е актуелниот веде Реис, Шаќир Фетаху, гостиварски муфтија а другиот е проф Д-р. Ќани Несими, тетовскиот Муфтија.

Седницата на Ријасетот на ИВЗ, на кој ќе се избира идниот поглавар е закажа за утре.

Поглаварот на ИВЗ се избира со гласовите на сите муфтии во земјата и раководителите и директорите на верските институции, кои се вкупно дваесет.

На последниот состанок во ИВЗ пред неколку дена, покрај темата за изборот на нов поглавар, беа назначени и нови муфтии. Насир Реџепи е назначен за штипското муфтиство, Решат Качалнику за муфтија на Дебар, Амит Расими за Битола и Ќамил Рушити за муфтија на Кичево.

Шест месеци од смената на Сулејман Реџепи, ИВЗ распиша избори за нов реис, постапка во која можеа да се кандидираат заинтересирани што ги исполнуваат условите.

Од ИВЗ велат дека, според Уставот и правилникот за избор на реис, кандидатите треба да исполнуваат соодветни услови, како да имаат завршено исламски теолошки факултет, да имаат работно искуство во редовите на верската заедница од најмалку десет години, да имаат над 40-годишна возраст, кандидатот да биде предложен од најмалку еден член на Ријасетот, да биде поддржан од најмалку една третина од членовите на Ријасетот, но и пред изборното тело да ја презентира својата програма.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *