Деца од Украина повторно гости на архимандритот Никанор

Date:

Share post:

По вторпат Црногорскиот манастир, чиј игумен е отец Никанор, е домаќин на деца од украинската погранична Сумска област. Посетата е организирана во соработка со Амбасадата на Украина во Бугарија, објави бугарскиот портал, hristianstvo.bg.

Гости на светата обител се 40 деца – ученици од различни одделенија и населени места во Сумската област. Повеќето од нив не се познавале меѓусебно пред патувањето во Бугарија, но деновите поминати заедно во манастирот ги зближуваат и создаваат нови пријателства.

-Престојот на децата во Црногорскиот манастир стана возможен благодарение на пријателите и добротворите на манастирот, како и на луѓе со големи срца кои уште од почетокот на војната вложуваат напори да им помогнат на настраданите од Украина. Меѓу нив е и тимот на Фондацијата за пристап до права (ФАР), со активната поддршка на г-ѓа Олга Колот, која заедно со своите соработници продолжува да им помага на украинските семејства и деца кои нашле спас од војната. Благодарение на оваа солидарност беа обезбедени сите неопходни услови за престојот на децата – квалитетна храна, средства за патување и можност да посетат културни и историски знаменитости во Софија и Пловдив, пишува порталот.

Децата активно учествуваат во подготовката на храната заедно со отец Адријан и своите воспитувачки. Уште во првите денови станува јасно дека бугарската кујна им е помалку позната по вкус, па затоа заедничкото готвење се претвора не само во потреба, туку и во радосна заедничка активност.

Сегашната посета е продолжение на добротворната иницијатива што Црногорскиот манастир ја започна уште минатата година. Тогаш светата обител за десет дена беше домаќин на близу 40 деца од украинскиот град Суми, кои имаа можност барем накратко да се оддалечат од ужасите на војната, да ги посетат Софија, да уживаат во природата и да пронајдат мир и духовна поткрепа во манастирот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img