Почетна Политичка теологија Дебата: Улогата и влијанието на религијта во современото општество
Дебата: Улогата и влијанието на религијта во современото општество

Дебата: Улогата и влијанието на религијта во современото општество

173
0

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“. Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на македонското општество. Покрај тоа нашата држава е мултирелигиска, што, како што наведуваат, претставува уште една нејзнина значајна карактеристика.

 -Концептот на мултирелигиска држава е соодветен за македонските прилики, со оглед дека мултиконфесионалноста и од историски, но и од современ аспект претставува значајна карактеристика на македонското општество која влијае врз процесите и го обликува развојот на државата.

Со оглед на фокусирање кон мултиетничкиот концепт во изминатите неколку децении, мултирелигискиот аспект на македонското општество е честопати занемарен, иако понекогаш се споменува како одреден импакт фактор, но без притоа сериозно да се анализира степенот на влијание на религијата врз општествените процеси, се наведува во соопштението.

Каква е улогата на Црквата во современото општество, геополитичките случувања и плуралистичка држава, во периодот на конфликти и судири, е едно од прашањата на кое ќе се разговара на дебатата што ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет.

-Црквата треба да е отворена кон целиот свет и отворена кон проблемите на современите предизвици.

Таа треба да биде во тек со случувањата на опш­тес­твените, научните, верските и сите општи теми и дали и како треба да ги следи геополитичките случува кои имаат непосредно влијание во животот на црквата, односно религијата и нејзиното позиционирање.

Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси, наведуваат од Филозофскиот факултет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *