Почетна Вести Дали „Вечерње новости“ го цензурираше Иларион Алфеев?
Дали „Вечерње новости“ го цензурираше Иларион Алфеев?

Дали „Вечерње новости“ го цензурираше Иларион Алфеев?

1.58K
1

Руската православна црква не гледа причини зошто да не почнат разговорите помеѓу МПЦ и СПЦ за решавање на канонскиот статус на Македонската црква.

Шефот на „руската црквона дипломатија“, Иларион Алфеев во интервју за „Вечерње новости“ изјавил дека очекува почеток на дијалогот меѓу двете цркви

– Решавањето на македонските црковни проблеми и враќањето на непризнатата Македонска православна црква во заедница со светот на православието ќе биде од големо значење за иднината на православието во Република Македонија. Ние веруваме дека решение може да се постигне само со дијалог меѓу Македонската православна црква и Српската патријаршија.

Се надеваме на почетокот на продолжување на разговорите помеѓу Белград и Скопје и на тоа дека со овие преговори ќе се постигне заеднички прифатливо решение, изјавл Алфеев во интервјуто за српскиот весник „Вечерње новости“.

Но, случајно или не, овој одговор на Алфеев го нема во интрвјуто објавено во „Вечерње новости“ на 6 јануари 2016 година.

За ставот на РПЦ, во поглед на прашањето за почетокот на преговорите меѓу дввете цркви, јавноста дозна од канцеларијата на руската црковна дипломатија, откако на сајтот на РПЦ беше објавено целосното интервју во кое го има и ова прашање заедно со одговорот

Иако, необјавувањето на овој дел од интервјуто можеби е резултат и на технички причини, или редакциска одлука, сепак дилемата за евентуална „цензура“ се наметнува, поради причината што СПЦ се уште ги одложува и дополнително ги условува перговорите, иако Вранишковски веќе една година е на слобода. Поседен пат тоа го направи Патријархот Иринеј, токму на денот кога и е објавено ова интервју. Тој и порача дека „ на МПЦ и недеостасува култура за дијалог“, барајќи да прекинат сите процеси против членови на ПОА во Македонија.

Интересен момент е тоа што РПЦ на својата интернет страница целосното интревју го објави 15 дена подоцна.  Во тој одговор на Алфеев, нема нипто што може да се протолкува како потреба од дополнителни условувања за почеток на преговорите меѓу МПЦ и СПЦ.

Коментар(1)

  1. И да почне дијалогот, кој секако нема да почне , а и да почне џабе ќе почне , бидејќи тој дијалог ќе е , како и до сега,дијалог помеѓу глув и нем. Па овој дијалог еве почнува во последните 60 години се од почетокот и пак се завршува на почетокот. Дај боже да почне, али мислам дека ќе е успешен како што била успешна роботата на Сизиф .Барем , судејќи по досегашните резулттати се на се 100% се идентификува со работата на Сизиф, кој секој ден го тркалал големиот и тешкиот камен од долот кон врвот на ридот, во пот и прав и таман мисли дека го истурка на врвот од ридот , додека седне малку да здивне , каменот му се отркала пак во долот и секој ден така , бесмислено, бадијала, се од почетокот. Е баш така се мачат и сегашниве Божји посланици ,велечасни восокодостоинственици на двете сестрински православни цркви- Српската и Македонската. Да, да , попрецизно, дијалогот ќе биде плоден како дијалог помегу глув и слеп. Глувиот ќе свати, ќе разбере и ќе се воодушеви кога ќе слушне колку убаво свири Шопен , Чајковски или Моцарт, како што и слепиот ќе се воодушеви колку убаво слика Пикасо , Леонардо Да Винчи ,или Микелангело. Така и овие верски претставници на двата соседски братски народи. Верските претставници на Србите ќе сватат колкава е полза браќата Македонци да имаат своја верска слобода, своја автокафална Светиклиментовска црква и дека нивната Светосавска црква не е црква и на Македонците, туку само црква на Српските династи , Немањиќите, Обреновиќи те, Караѓорѓевиѓите, на радикалите и Равногорците и дека тие не сакаат да бидат под нејзина јурисдикција, Ќе објаснат дека попови и учители, па и владици, официри и џандари во Македонија, Струмица, Битола или Прилеп не можат да се поставуваат од Црна Гора, Горски Котар, Лика, Срем , Мачва, Краљево и Ваљево. Не може тоа да се случи после одлуките на АВНОЈ, АСНОМ, па и после многубројните конгреси на КПЈ, а особено после одликите на ВМРО-ДПМНЕ од деведесеттите години. Српските велечасници веднаш ќе потпишат томос и МПЦ ќе ја стават во диптихот на православните цркви, а особено пак после помилуванјето и пуштањето од затвор на Јован Вранишковски и престанок на прогонот на наговите братја и да не набројувам повеќе од заслугите кои се како придонес за признавањето на автоќефалноста на МПЦ, јас како слободен независен ниту од една црква , теолог .

Напиши одговор на Слободен теолог Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *