Бугарскиот Патријарх Даниил се сретна со Светиот синод на Грузиската Црква

Date:

Share post:

Бугарскиот патријарх Даниил, пред заминувањето за Бугарија, оствари средба со местобљустителот на грузискиот патријаршиски престол, Митрополитот Шио од Сенаки и Чхороцку, како и со членови на Светиот Синод на Грузиската православна црква.

Даниил изразил сочувство во свое име и во име на Светиот Синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, по повод упокојувањето на патријархот Илија II. Тој повторно го истакнал значењето на покојниот грузиски патријарх за целиот православен свет. Во текот на разговорите беше нагласено и вековното духовно братство меѓу бугарскиот и грузискиот народ.

Патријархот Даниил се заблагодари за топлиот пречек и гостопримството од домаќините, упатувајќи молитвена желба Бог да одреди достоен наследник на патријархот Илија II.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img