Во олтарот на скопската црква „Света Петка“ во Црниче, со децении се чува посебна икона на Мајката Божја со младенецот Исус Христос, која се изнесува пред верниците секој петок и за која се врзуваат бројните чуда и услишени молитви, пишува дневниотг весник Вечер.
Приказната почнала која скопјанката Фаница Нанчева ја пронашла реликвијата во 1941 година, во подрумот во станот во кој се вселила, а која набрзо почнала да мироточи и да испушта специфични звуци и тропање, по што ја подарила на храмот. Последниве години, во овој скопски храм сè повеќе доаѓаат и писма на верници од соседни земји кои ги замолуваат свештениците на богослужбите да се молат и за нив, за здравје, за добивање деца.
Во текот на неколкуте децении откако иконата е тука, се случувале и бројни други нешта поради кои таа станувала сè попозната меѓу народот. Сè почести биле случаите во кои верниците што се молеле пред иконата почнале и јавно да зборуваат како токму молитвите пред неа им помогнале. Бројни биле примерите на оздравувања на болните, но и примерите во кои семејствата, кои повеќе години не можеле да имаат деца, по молитвите, добиле пород. Оттаму ѝ се ширел култот дека во овој скопски храм има икона која им помага на луѓето. Најпрвин на скопско подрачје, а последниве години и надвор од Македонија, пишува Вечер Прес.

