Еден месец по јавното обраќање од 28 јули, архимандрит Никанор повторно се огласи со текст во кој ги повторува прашањата до Софиската митрополија и Светиот Синод на Бугарската православна црква, откако дого трет по ред Агрос, забрана за служење.
Под наслов „Еден месец подоцна – осврт“, архимандрит Никанор на својот профил на „Фејсбук“ прави пресек на случувањата по неговото јавно обраќање од 28 јули 2026 година.
Тој оценува дека прашањата што ги поставил останале без одговор, додека кон него биле упатени јавни обвинувања и било покренато црковно-казниво дело.
Меѓу прашањата што повторно ги отвора е и неговото барање да му биде издадено отпустно писмо од Софиската епархија, со што би можел да го продолжи своето свештеничко служење во Русенската епархија.
Никанор наведува дека причините поради кои сакал да ја напушти Софиската епархија му биле претставувани како вина, а меѓу нив го посочува и неговото несогласување бугарскиот патријарх Даниил да биде негов духовен отец.
Архимандритот повторно се осврнува и на црковно-судската постапка што се води против него, тврдејќи дека обвиненијата во голема мера се однесуваат на неговите јавно изнесени ставови и изјави.
Прашања до Софиската митрополија и Синодот
Во новата објава Никанор повторно поставува низа прашања до Софиската митрополија и Светиот Синод.
Меѓу другото, тој го отвора случајот со убиството на свештеникот Стефан Камберов, односот на БПЦ кон војната во Украина и помошта за украински деца.
Ги споменува и случајот со бугарскиот државјанин Јуриј Беленки, тврдењата за постапување кон малолетно лице за кое, како што наведува, биле доставени писмени сведоштва, како и учеството на црковни структури во спорни и поделбени општествени иницијативи.
Никанор повторно прашува и за отсуството на став на БПЦ кон идејата за т.н. „Руски свет“.
Во текстот тој посочува дека и во изминатиот месец во манастирот повторно бил организиран престој за околу 50 украински деца, кои се целосни или полусираци. Притоа забележува дека за оваа иницијатива немало јавно признание.
На крајот од обраќањето архимандрит Никанор повторно упатува повик до бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Даниил да поднесе оставка.
„Поднесете оставка за доброто на БПЦ!“, пишува Никанор.
Тој воедно соопштува дека додека го пишувал текстот, добил нова заповед за 15-дневен аргос.
Случајот со архимандрит Никанор не е првпат да му биде изречена забрана за свештенослужење.
На 24 октомври 2025 година Софиската митрополија објавила дека против него е изречен аргос, повикувајќи се на член 81, став 1 и член 95, точка 19 од Уставот на БПЦ, со образложение за „систематски прекршувања“.
Но во 2026 година следуваат уште три последователни 15-дневни аргоси.
Прашањето останува отворено
Случајот со архимандрит Никанор веќе не е само спор меѓу еден свештенослужител и неговиот надлежен архијереј. Тој отвора и пошироко прашање за примената на Уставот на БПЦ, границите на архијерејската власт и односот меѓу привременото запрещение и црковно-наказателната постапка.
Од една страна, Софиската митрополија има право да ги применува уставните механизми за одржување на црковниот ред. Од друга страна, кога против едно лице веќе се води црковно-наказателна постапка, јавноста има право да знае врз која конкретна уставна основа следуваат повеќе последователни мерки со исто времетраење и повикување на истите одредби.


Веројатно барем некогаш човеков воопшто се доживувал себеси и живеел како монах. Денес очигледно е надвор од себе и далеку од секое сеќавање за суштината на одеждите и чинот со кои живее како што живее. Мртов за светот? Требаше да биде. Мртов ум? Како монах требаше да има. Воскреснат ум? Ако веќе е архимандрит, барем нека не открива дека не знае што е тоа. Преобразен ум? Е таа аскетско-исихастичка лекција одамна ја пропуштил. Тоа се разбира се непознати категории за бакарот што ѕвечи мислејќи дека е велелепно црковно ѕвоно. Нема да се зачудам ако наскоро се обиде да се кандидира за носител на Нобелова награда за мир. Би мафтал по светот гордеејчи се како првиот православен монах кого Господ го наградил така преку рацете на незнабожците. Би се видел себеси како пророк на новото време и корифеј на сеправославните еклисиолошки трансформации. Како глас во пустината кој конечно е чуен, и тоа од светските велможи. Е сега, што Св. Јован Крстител не успеал во тоа – кој му е крив? Требало да го препознае историскиот моментум!
Само, прашање е кој ли го чека Никанор во таа Русенска епархија и зошто. Аргос е мала мерка за некој кој ги навредил одеждите што ги носи и Патријархот во Чија Црква “служи”. За некој кому Христовите јарем и бреме станале претешки, да не речам простачки регалии.