Богохулна и навредлива претстава за Рождество на британски универзитет

Date:

Share post:

Христијански студенти и дел од јавноста се спротивставија на изведбата на необична Рождествена претстава со ЛГБТ-тематика на York St John University, што предизвикало дебата околу религијата, слободата на изразување и универзитетските вредности.

Настанот, наречен „A Gay in a Manger“ (Геј во јасли) била поставен од студентската ЛГБТК+ мрежа и во него традиционалната приказна за раѓањето на Исус е прикажана на начин што според организаторите претставува „геј нарација“. Во оваа претстава, Исус е претставен како „Крал на гејовите“, а „мајките“ Марија и „Џо“ се лезбејки кои тргнуваат со своите прајд-знамиња, што наишло на остра реакција кај некои христијански студенти.

Студентите кои протестирале ја опишале претставата како богохулна и навредлива за верниците, тврдејќи дека ваков тип на интерпретација на религиозните теми не би бил дозволен ако целта беше навредување на други религии, како исламот. Еден од нив истакна дека тоа е „дискриминација врз христијаните“ и дека универзитетот преку дозволување на изведбата поддржува навредливи интерпретации на религиозните верувања.

Од друга страна, универзитетот и студентскиот сојуз соопштиле дека нема да го забранат настанот, појаснувајќи дека се работи за уметнички израз што е законски дозволена и дека институцијата се стреми да биде инклузивна за студенти од сите вероисповеди и светогледи. Според нив, нема докази дека настанот претставува незаконско поттикнување омраза или дискриминација.

Дебатата што следеше по објавувањето на претставата отвори поширока расправа за границите меѓу уметничката слобода и почитувањето на верските чувства на различни групи во академската средина.

1 COMMENT

  1. Тоа се платени сатанисти, не се борци за слободен уметнички израз. Инаку, такво едно литературно или интерпретативно дело е првенствено понижување на уметноста како таква и на уметниците како творечки битија. Очигледно сведоштво за недостаток од каква било креативност, бидејќи и бизарноста може да има свој естетски израз и онтолошка оправданост кога уметничкиот гениј е здрав и кога воопшто постои.
    Секој уметник во сржта на творечкиот акт фактички седнува на престолот Божји (стои на местото на Создателот). Може и да е бездарен, а сепак да стане од тој престол неповреден. А може и да е вешт, досетлив, образуван во поглед на разни аспекти на уметноста, ама да се струполи од тој престол уште за време на творечкиот акт, а уште и ако се осмели јавно да го обзнани, ќе се испокрши и никогаш нема да се исцели (ако притоа стекне некаква човечка слава или спонзорска поддршка, па продолжи по мизерната патека по која тргнал). Уметноста може да биде голем благослов, но и тешко воочливо проклетство. За да биде благослов (за уметникот и човештвото), тој треба да има непогрешлив ум (од онтолошки аспект), што е неверојатна реткост. Прашање е колку воопшто постојат уметници со конкретна свест за својата мистична ипостас или барем такви што се во доволно напреден процес на трезнење на умот. Мнозинството признати мајстори биле доволно селективни во водите на своите творечки можности за да не им се подадат на естетските вители на уметничката сензација во текот на творечкиот чин, но онтолошкото совршенство на неповредливост кон сите аспекти на постоењето останало само недостижен сон и непобедлива златна линија која го дели човекот-уметник од Господ како Неприкосновен Мајстор на создавањето.

    Оние за кои говори горниот текст не ни знаат за естетски вители. Тие се просто проголтани од болна амбиција, алчност и бездарност. За жал Западот, особено Соросовите фондации, последниве децении финансиски поддржуваат главно такви лаже-уметници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img