Почетна Вера Благодатниот оган од Христовиот гроб и во Македонија
tetovo 1
tetovo 2
tetovo 3
29x
26x
25x
24x
23x
22x
21x
image description
19x
18x
17x
16x
15x
14x
13x
12x
11x
11
10x
10
9
09x
8
08x
7
07x
6
06x
5
4
3
1
2

Благодатниот оган од Христовиот гроб и во Македонија

900
0

Веќе неколку години благодарение на Неговото Високо Преподобие, Архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, благодатниот оган се носи во Македонија. Од него се палат првите свеќи во Бигорскиот манастир, каде за Велигден има највеличествена прослава на Восекресението Христово.

2Годинава од благодатниот оган беа запалени и првите свеќи во Соборниот храм, „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во Тетовско-гостиварската епархија, каде синоќа имаше масовна прослава за Велигден.

Благодатниот оган го пречекал Митрополитит г. Јосиф, од чиј свеќи потоа верниците ги палеја своите свеќи за велигденската воскресна литургија.

Благодатниот оган кој по божјата милост секоја година на чудотворен начин слегува во црквата изградена врз Христовиот гроб во Ерусалим се пренесува во сите Православни цркви .

Благодатниот оган во Бигорскиот манастир за прв пат беше донесе во 2009 година. Монах од Бигорскиот манастир, благодарение на Архимандритот Партениј го презема од солунскиот аеродром, каде пристига со специјален авион, од каде потоа се разнесува во светот.

Со возобнувањето на традициите поврзани со велигденските празнувања Бигорскиот манастир стана место каде што Велигден се празнува торжествено и најдостоинствено, како и во најголемите православни светилишта во светот.

Благодатниот оган од Бигорскиот манастир се пренесува и во други епархии на МПЦ.

Погледнете ја галеријата од Благодатниот оган во Бигорски и во Тетово.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *