Битолчани синоќа излегпа на контра парадата, насловена “Вистинска парада на гордоста”, која по петти пат се одржа низ Широк Сокак во Битола.
Маршот за зачувување на смејството и вистинските вредности почна од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани и заврши пред официрскиот дом.
Пораките кои ги испратија организаторите беа дека во Битола е вистинската парада на гордоста за разлика од онаа што се одржуваше во Скопје.
“Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татко… Тука, по петти пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина, заради нашиот дом, семејство, родители мајка и татко, за начелата дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата Православна Христијанска вероисповед, порачаа организаторите.

