Двајца монаси во Солун се обиделе да ја прекинат поворката на учесниците на Паратата на гордоста, што вчера се одржуваше.
Додека учесниците во поворка се движела по улицата „Павлос Мелас“, двајца монаси почнале да извикуваат „Покајте се“, а еден од нив дури легнал на коловозот пред едно од возилата, со што привремено го прекинал нејзиното движење.
Грчките медиуми пишуваат дека тој во раката држел крст, а на градите имал поставено и икона на Пресвета Богородица.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото на настанот и ги отстраниле монасите, без да дојде до каква било тензија. Според информациите, двајцата биле приведени во полициска станица – известуваат грчките медиуми.

