Синодот на Светата архиепископија на Австралија (Вселенска патријаршија) заседаваше на 20 јануари под претседателство на Архиепископот Макариј, разгледувајќи ги прашањата од дневниот ред и донесувајќи низа значајни одлуки за животот и мисијата на Црквата.
Членовите на помесниот синод едногласно изрази осуда и длабока загриженост поради, како што беше оценето, недоличниот напад од страна на државните разузнавачки служби на Русија врз Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Мајката Црква. Во соопштението се нагласува дека Вселенската патријаршија, под духовното раководство на Патријархот Вартоломеј, ја исполнува својата посебна мисија за стабилност, мир и напредок на помесните Цркви, во согласност со светите канони и црковната традиција, далеку од политички калкулации. Воедно, епископитепредупредија дека вистинската опасност за единството на Православието произлегува од појавите на етнофилетизам и нарушување на православната еклисиологија.
Синодот со ентузијазам ја поздрави и одлуката на Архиепископот Макариј тековната година да биде прогласена за „Година на Патријархот Вартоломеј“. Во таа насока беше донесена одлука сите сали, објекти и хуманитарни институции што ќе бидат изградени и отворени во 2026 година на територијата на Австралија да го носат името „Патријарх Вартоломеј“. Членовите на Австралиската архиепископија, исто така, најавија учество во свеченостите во чест на Вселенскиот патријарх, кои ќе се одржат во Константинопол во октомври.
Со особено задоволство беше поздравено и започнувањето на новата магистерска програма по староелинскафилософија на Богословскиот колеџ „Свети Андреј“, како и целокупниот напредок на институцијата. Оценката едека овој развој сведочи за грижата на Архиепископијата за православното образование и подготовката на идни свештеници и мирјани кои ќе ја поддржуваат мисијата на Црквата.
На крајот, членовите на Синотод му упатија честитки на Архиепископот Макариј по повод неговиот именден и изразија благодарност за, како што беше истакнато, стабилниот и инспиративен развој на Архиепископијата на Австралија под неговото духовно раководство.

