Масовно киднапирање на христијани од цркви во сојузната држава Кадуна во Нигерија

Date:

Share post:

Најмалку 177 христијани биле киднапирани во неделата, 18 јануари, од три црковни заедници во селото Курмин Вали, во округот Каџуру, во нигериската сојузна држава Кадуна, потврдија локални жители, црковни претставници и преживеани. Нападот бил извршен за време на неделната богослужба и часовите по веронаука, а според последните информации, 11 лица успеале да избегаат, додека 166 христијани сè уште се наоѓаат во заробеништво.

Нападот го извршиле вооружени напаѓачи кои се идентификувале како Фулани. Тие истовремено упаднале во две цркви на заедницата Херувими и Серафими за време на богослужба, заканувајќи се дека ќе пукаат во секој што ќе се обиде да побегне. Верниците биле присилени да се придружат на напаѓачите, а потоа биле донесени и верници од трета црква, Евангелската црква Winning All. Киднапираните биле собрани во една група и одведени пеш кон блиската шума, за која локалното население стравува дека служи како логор каде жртвите често се изложени на мачење и изнудување откуп. Дел од киднапираните успеале да побегнат кога напаѓачите ги принудиле да преминат река, но мнозинството останале во заробеништво.

Иако властите на сојузната држава Кадуна и полицијата првично негираа дека киднапирање воопшто се случило, нигериската полиција на 20 јануари официјално потврди дека инцидентот е реален и дека се спроведуваат координирани безбедносни операции со цел пронаоѓање и ослободување на жртвите. Во истиот регион, беше соопштено, биле спасени по речиси три месеци во плен и сопругата и ќерката на англикански свештеник, кој починал за време на заробеништво по киднапирање во октомври минатата година. Тие моментално се наоѓаат на лекување во здравствена установа во градот Кадуна.

Нападите врз христијанските заедници во Нигерија продолжуваат да предизвикуваат сериозна загриженост кај локалните црковни водачи и меѓународните организации за верски слободи. Според достапните податоци, Нигерија и понатаму е земја со најголем број убиени христијани во светот поради нивната вера, а киднапирањата, нападите врз села и цркви и насилството врз цивили бележат растечки тренд.

Црковните претставници повикаа на итна меѓународна реакција, заштита на верските заедници и одговорност за сторителите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img