Денеска е свети Валсилиј

Date:

Share post:

Верски календар: 4 април

МПЦ-ОА/ Св. свештеномаченик Василиј Анкирски.

3Свети Василиј живееше во четвртиот век. Беше прочуен презвитер на Анкирската црква. За верата се бореше против Аријанците и поради тоа многу претрпе за време на римскиот цар Константин. Кога на престолот дојде царот Јулијан Отстапникот, Василиј отворено ја разобличуваше неговата нечеститост. Поради тоа, беше ставен на маки и во текот на неколку денови, мачителите му отсекуваа парчиња од кожата. Но, свети Василиј сето тоа мажествено го истрпи и ја предаде својата душа за Христа во 363 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img