Колкави плати добиваат митрополитите и епископите на Бугарската црква?

Date:

Share post:

Бугарскиот новинар Горан Благоев објави документ за кој тврди дека ги открива месечните примања на митрополитите, епископите и дел од вработените во Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ).

Благоев на својот Фејсбук-профил сподели и фотографија од документот, за кој наведува дека случајно бил пронајден на тротоарот во близина на Синодалната палата во Софија.

Според износите наведени во документот, месечната плата на еден митрополит изнесува 3.395,35 евра, додека епископите добиваат по 2.276,32 евра.

Во истата пресметка се наведува дека службениците во Светиот синод примаат месечна плата од 1.606,28 евра, а вработените во синодалната интернет-страница по 1.569,90 евра.

Благоев ги коментира овие износи, поставувајќи го прашањето за финансирањето на црковната администрација и за тоа колку се оправдани ваквите примања, особено имајќи предвид дека митрополитите и епископите се монаси кои дале завет на нестјажание, односно откажување од лична сопственост.

Тој посочува дека црковните великодостојници живеат во црковни објекти и дека трошоците за нивното секојдневно живеење ги покрива Црквата.

Новинарот прави и споредба со примањата на наставниците во Бугарија, наведувајќи дека почетната плата на наставник со минимален работен стаж изнесува околу 1.100 евра.

Во објавата Благоев го поставува и прашањето за отчетноста на средствата што се собираат во црковните каси преку продажбата на свеќи и извршувањето на црковните треби.

-Воопшто не е лошо, нели?Дали Радев ќе го скрати буџетот на БПЦ, како што ги скрати парите за мајките, пензиите и наставничките плати? Само за споредба – платата на наставник со минимален работен стаж изнесува околу 1.100 евра. Каде е одговорноста на наставникот, а каде на синодалниот службеник и на оние што ги препишуваат текстовите на интернет-страницата? Сите ние можеме да продолжиме да ги полниме синодалните каси со парите од свеќите и црковните треби што ни ги извршуваат во БПЦ. Знаете ли колкав дел од тие средства, откако ќе заѕвонат во црковните каси, немаат никаква отчетност?! Спокојно, Бог нема да нè казни за нашата глупост и неукост!, напиша Благоев на фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img