Вартоломеј го осуди нападот врз православниот храм во Јордан

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази длабока тага поради жртвите од вооружениот напад врз грчкиот православен храм „Свети Георгиј“ во Хмуд, во покраината Карак во Јордан, осудувајќи го нападот врз верниците кои се наоѓале во храмот.

Вартоломеј ја изразил својата осуда и сочувство во телефонски разговор со Ерусалимскиот патријарх Теофил, во петокот вечерта. Вселенскиот патријарх во моментот престојува во Рим.

Во разговорот, Вартоломеј нагласил дека секој терористички чин всушност е насочен против мирниот соживот на народите, религиите и културите, кој е од животно значење, особено за Блискиот Исток, регион што со децении се соочува со конфликти и насилство.

Вселенскиот патријарх се помолил Семилостивиот Бог да ги упокои душите на невините жртви, а од патријархот Теофил побарал да му ги пренесе на нивните семејства неговите искрени сочувства и поддршка.

Тој, исто така, им посакал брзо закрепнување на повредените.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img