Распнат Христос со два автомати предизвика реакции во Марсеј

Date:

Share post:

Скулптура на распнатиот Христос кој во рацете држи два автомати „Узи“ предизвика реакции во Марсеј, откако делото на францускиот уметник Џејмс Коломина, поставено во рамки на изложба на улична уметност, било видливо и од јавниот простор, пишува CrkvenZurnal.com.

Делото, насловено „Tu ne tueras point“ („Не убивај“), е високо околу два метра, изработено од смола и целосно обоено во црвено. По реакциите, скулптурата била преместена од отворениот простор во внатрешноста на изложбениот простор „L’Aérosol Marseille“.

Организаторите објасниле дека одлуката за преместување била донесена и поради стравување дека делото би можело да биде оштетено. Скулптурата, сепак, не е отстранета од изложбата и останува достапна за посетителите.

Делото е поставено во простор посветен на street art и хип-хоп културата, сместен во поранешна фабрика за сапун во северниот дел на Марсеј, а според најавата треба да остане изложено до 1 ноември.

Случајот предизвика реакции и од Католичката црква и локалната епархија, а во Франција повторно се отвори прашањето за границата меѓу уметничката слобода и навредувањето на верските чувства.

Контроверзијата во Марсеј се појавува и во поширокиот контекст на дебатите за прикажувањето на христијанските симболи во современата култура. Како пример често се наведува церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година, кога една од сцените предизвика реакции кај дел од христијанската јавност, која ја протолкува како алузија на Тајната вечера.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img