Архиепископот Јован: Дијалогот не значи да ги избришеме верските разлики

Date:

Share post:

Меѓурелигискиот дијалог не значи верските заедници да ги сокријат или избришат разликите меѓу нив, туку, останувајќи верни на сопствените убедувања, да разговараат отворено, да се слушаат со почит и да соработуваат за општото добро. Ова го порача архиепископот Јован Албански на завршувањето на кампањата „Мир и хармонија“ во Албанија, пишува Orthodox Times.

„Припаѓаме на верски традиции со вистински и значајни разлики. Искрениот дијалог ниту ги прикрива, ниту ги брише овие разлики“, рекол архиепископот.

Тој, сепак, посочил дека различните верски заедници можат заеднички да сведочат дека човечкиот живот е свет и дека религијата не смее да биде изговор за насилство, презир или фанатизам.

Архиепископот Јован се осврнал и на улогата на верските заедници во општеството, нагласувајќи го значењето на верското образование и моралното формирање на човекот, со почитување на слободата на совеста.

„Општеството не е заштитено само со закони и безбедносни мерки. Тоа е заштитено и со формирање луѓе кои разбираат зошто мора да ги почитуваат животот, слободата и достоинството на другите“, истакнал тој.

Посебно внимание посветил и на социјалните мрежи. Според архиепископот, платформите кои треба да ги поврзуваат луѓето можат да придонесат и за осаменост, но и да бидат злоупотребени за ширење омраза, манипулации и екстремизам.

Истовремено, тој смета дека истите комуникациски средства можат да се користат за ширење „вистина, надеж, почит и мир“.

Кампањата „Мир и хармонија“ беше пилот-проект финансиран од Европската Унија преку програмата STRIVE II, во кој учествуваа верски и граѓански организации во Албанија со цел поттикнување на општествениот дијалог и соработката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img